Доживотен затвор за Блерта Поцеста која си ги уби родителите и сестрата во Дебар

По поднесен Обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Гостивар и завршување на главната расправа, Основниот суд во Гостивар донесе првостепена пресуда со која ја осуди обвинетата Блерта Поцеста на доживотна казна затвор за сторени три кривични дела – Убиство.

Според Основното јавно обвинителство Гостивар, Блерта со умисла ги убила своите родители Амит (56) и Назмие (53), како и 14 годишната сестра Анила во семејната куќа во Дебар на 26.08 2018 година.

За еден од обвинетите помагачи, Ферди Гаши е изречена затворска казна од 10 години, а за Веапи Клобочишта е изменето кривичното дело, па по одлука на Судот, постапката за овој обвинет ќе продолжи за сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Гостиварското обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети кои го помагале извршувањето на убиството, па во тој дел од пресудата ќе биде поднесена жалба.

Сите тројца негираа вина. Гаши тврдеше дека бил изманипулиран од Блерта, но и дека и дал расипан пиштол, како и дека чаурите од местото на убиството биле во различен калибар од тој што и го дал. И Клобочишта рече дека бил изманипулиран од внукот, кој му рекол дека му го продава пиштолот на некој старец, овчар на кој му требало оружје за во шумата. Тој истакна дека никогаш не се сретнал со обвинетета.

Доживотната казна затвор за сторителката на кривичното дело убиство следи по сеопфатна истражна постапка во која обвинителството обезбеди докази, а со кои во тек на судењето докажа дека првообвинетата, сега осудена, на 26.08.2018 година, во семејната куќа во Дебар, пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, осудената телефонски контактирала со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми. По извршувањето на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар, по што таа со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија.

извор и фото: 24info.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави