Донаторите осомничени за измама имале уште една фондација

Двете интернет страни преку кои братот и сестрата Шулевски собирале пари од хуманите граѓани и организации за донации за лекувања на болни дечиња од денеска веќе не постојат. На „Фејсбук“ сеуште постои официјалната страна на фондацијата „Допир“ бидејќи според правилата на социјалната мрежа потребни се 15 денови доколку даминот сака сам да ја отстрани страната. Осомничените се кријат од јавноста а полицијата се уште истражува.

Според првичните сознанија на истрагата во централен регистар Миле Шулевски се јавува и како еден од сопствениците во организацијата „Филантроп медика“,за која нема никакви официјални податоци со што се занимава. И оваа организација е под истрага, а од УЈП поради даночна тајна не откриваат детали кои ги откриле од нивната истрага со оглед дека кај нив мора да поминат сите уплати исплати и да се чуваат 5 години.

Од УЈП го истражуваат детално случајот исто како и министерството за здравство кое лани проверувало неколку апели за помош дали се вистинити.

Фондацијата работела со жиро сметки оти за да се добие број за донација од мобилен оператор потребно е да се достави медицинска документација. Донациите станале сомнителни кога можело да се донира само со жиро сметка и на фотографиите за апелите се ставале ликови на деца симнати од интернет.

Total
0
Shares
Поврзани објави