„Дојче веле“: Русковска до ВМРО-ДПМНЕ доставила опомена пред тужба за клевета

Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера (3.7.) до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета, објави „Дојче веле“.

Повод за ваквиот потег на обвинителката, бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.

Станува збор за спотот каде е прикажано како мајка чита приказна пред спиење на своето дете и во еден дел го споменува името на Вилма Русковска.

Total
0
Shares
Поврзани објави