Судиите Весна Димишкова и Владимир Панчевски се најсериозните кандидати за нов претседател на Основен суд 1 во Скопје кој ќе се бира за една недела. Според сознанија на dosie.com.mk овие кандидати од вкупно пријавените осум водат жестока битка за првото место на Кривичен.
Димишкова се прослави со тоа што го потпиша налогот за влез на Специјалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и контраразузнавање, со што, за СЈО, се обезбеди пристап и до системите за прислушување.
Панчевски пак постојано е под удар на јавноста и силна хајка против него без правосилна пресуда или истрага за наводни малверзации со АКМИС системот за распределба на предмети во судот. Судијата Димишкова последните десетина години работеше во одделот за предмети од организиран криминал, а Панчевски од овој оддел стана Претседател. Судијата Ѓоко Ристов исто така доаѓа од овој оддел и долго време работеше во петорка со Димишкова.
Судијата Димишкова последна се пријави на конкурсот и тоа доставувајќи документација по пошта. Пред неа освен Панчевски, конкурира и судиите Иван Џолев, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Верка Петковска и Осман Шабани. Нивните имиња се слушнаа во јавноста по предметите кои ги работеа, но и по турбуленциите кои се случија во Кривичен по протестот и незадоволството на дел од судиите од раководењето на судот од поранешниот претседател Панчевски. Еден од нив е Иван Џолев кој во кавга со Панчевски преку соопштенија до медиумите изнесуваа детали околу работата на судот. За оваа недела пак се очекува кандидатката за претседател Верка Петковска да ја соопшто пресудата за случајот ”Диво Насеље”. Судијата Ивица Стефановски го пресуди “Монструм”, односно предметот со убиството на момчињата кај Смилковско Езеро.
Поврзани објави
Обвинителката Стефанова побара условни за Јанкулоска и Протуѓер и ублажување на казната за Јанакиески во „Титаник“
За повеќето од овие обвинети судскиот процес пред првостепениот суд ќе заврши со изрекување пресуда на наредното рочиште…
Јанакиески излегува на слобода во јуни, а за Мијалков ќе одлучува Кривичен суд
Апелациониот суд во Скопје ја прифатил жалбата на Миле Јанакиески и одлучил тој да излезе од затвор на…
Одбараната бара ослободителна пресуда за Јанакиевски за „шамарите“ на Груевски
Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески побара ослободување од вина. Адвокат Димитар Дангов смета…
Застаре и предметот за Бучковски
Застарува делото на поранешниот премиер Владо Бучковски во предметот „Тенковски делови“ за злоупотреба на функцијата при набавка на…