Девојката обвинета за убиството на Пино: Не сум виновна!

Второобвинетата за убиството на Пино Секондо, 22-годишната Ангела Ѓорѓиевска, на денешното судење рече дека не го сторила делото и не се чувствува виновна.

– Разбрав за што сум обвинета. Не се чувствувам виновна за кривичното дело бидејќи ништо од наведеното во обвинението не сум сторила, кажа Ѓорѓиевска.

Нејзиниот адвокат Еленко Миланов рече дека таа е обвинета без ниту еден доказ и оти ќе биде докажано дека немала ништо со убуството на Пино.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември минатата година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

“ТНТ” пука во Кривичен

Конечно во Македонија завладеа правото! Проработи “Слободата на совеста која е признаена насекаде“, вели адвокатот Јовица Страшевски во…
Повеќе

Фетаи се откажа од обвинението против Рангелова и уште двајца обвинети во „Шамарите во Центар“ – за останатите настроги казни

Обвинителката Фатиме Фетаи, се откажа од обвинението против тројца од обвинетите во случајот познат како „Шамарите во Центар“:…