Судскиот процес за крвавиот четвток по вчерашниот турбулентен ден денеска трае веќе 7 часа со мали паузи. Се очекува да трае до доцните вечерни часови. Околу пет часа само обвинителкта Вилма рускоска го сослушувала загрозениот сведок. По кратка пауза можност за поставување прашања имаат и адвокатите но и можност за приговори кои како што дознаваме судот им ги одбива.
Во судницата се присутни и петмина адвокти кои денес нивните колеги на шега ги нарекоа дупликат адвокати. Тие се обезбедени за сите обвинети во случај повторно некој адвокат да замине или обвинетите како вчера да останат без адвокти. Еден од нив кога видел дека ниту еден од адвокатите не се откажува побарал од судијата да си замине да не седи цел ден за џабе, но добил одговор дека вчера се согласил да работи и денес ќе си седи, а следното рочиште може да биде ослободен.
Заштитениот сведок изнел многу детали околу настаните од 27 ми април , повразни со настаните и дел од обвинетите, но бидејќи судењето е затворено за јавност повеќе детали законски не е дозволено да се изнесуваат.
Поврзани објави
Доживотна казна затвор за маж кој ги уби сопругата и нејзината мајка
Прилепчанецот Н.П. (52) е осуден на доживотна казна затвор, за двојно убиство и два обида за убиство, што…
Талат Џафери денеска ќе сведочи на судењето за организаторите на 27 април
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април…
Катица го тужи Боки
Судскиот совет денеска одби дел од доказите доставени од обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како…
Момчињата кои тепаа девојка во Штип признаа вина и се извинија
Двајцата штипјани кои претепаа 22-годишна девојка и се снимаа, на денешното судење во Основниот суд во Штип ја…