Демант на Кривичен суд

По барање на Основниот суд 1 во Скопје го објавуваме следниот демант во целост. Досие се извинува за текстот.

Демантот го пренесуваме во целост:

Во однос на наводите во текстот објавен на вашиот портал „Кривичен суд:
закани со казни до вработените“ (досие.мк) и „Притисоци кон синдикалците
во Кривичен суд“ (нетпресс.мк) за кој наводи воопшто не сте се обратиле
за став до судот, ве информираме дека се работи за апсолутни невистини и
шпекулации кои го нарушуваат угледот  како на судот така и на самите
вработени во институцијата.
Бидејќи објавувате непроверени информации потребно е да знаете дека на
состанокот помеѓу управата и судските службеници  во судот, не само што
воопшто не стана збор за било какви закани и казни туку управата даде
целосна поддршка и слобода на сите вработени самите да одлучат дали и во
каква форма ќе стапат во штрајк за остварување на нивните права.
Со дозвола на службениците, целиот состанок е аудио снимен и доколку
сакате да се уверите во вистината, можете да го преслушате целиот аудио
материја во просториите на судот.
Заради сето тоа од вас како портал бараме веднаш да објавите демант и
извинување за објавениот текст, а доколку не го сторите тоа,  за да го
заштитиме угледот на судот и вработените во судот, ќе поднесеме тужба во
однос на изнесените лаги.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави