Извештајот за управувањето на АКМИСОТ во Кривичниот суд ќе го разгледуваат членовите на Судскиот совет и во него ќе читаат за тоа како се делеле предмети во овој суд. Од донесување на Законот за управување и движење на судските предмети во 2010 година во Основниот суд Скопје 1 не е формирано работно тело се до почетокот на 2013 година кога со одлука на тогашниот претседател за раководител на ова работно тело согласно закон е определен судскиот администратор инаку татко на сопругата на адвокатот на Зоран Заев која е судија во Основниот суд Скопје 2, со ова и за определените години истражувани од Комисијата на Министерството за правда одговорен за АКМИСОТ бил судскиот администратор кој бил Претседателот на работното тело за управување и движење на предмети во овој суд , а тоа е во време на претходната власт , на ова место е Ристе Спасов, кој е близок роднина на еден од најистакнатите адвокати на Премиерот Заев. Спасов од ноември 2016 е пензионер. Според задолженијата за неговото работно место, тој требало да прави анализи и извештаи и да дава предлози до Претседателот на судот. Неговите надлежности се предвидени во Законот за управување со судски предмети и тоа во член 7 во кој пишува:
“Претседателот на судот формира работно тело за управување со движењето на предметите во судот (во натамошниот текст: работното тело). Со Работното тело од ставот на овој член раководи судскиот администратор или лице определено од претседателот на судот во судовите каде што нема судски администратор, а членуваат претседателите на судските оддели и судските службеници од редот на раководни судски службеници, односно стручни судски службеници. Според Законот неговите надлежности се да изготвува предлог-годишен план за управување со движењето на предметите во судот и спречување на создавање на заостатокот на нерешени предмети или намалување на заостатокот на нерешени предмети и спречување на застојот на движењето на предметите во судот, кој особено содржи: анализа на причините за застојот во движењето на предметите и заостатокот на нерешените предмети, предлог-мерки за надминување на застојот на движењето на предметите и појава на нерешени предмети и анализа на управување со движењето на предметите во судот”. Понатаму законодавецот предвидел дека администраторот во случајот Спасов , треба да изготвува предлог на внатрешни процедури за одделни процеси при управувањето со движењето на предметите во судот врз основа на процесните дејствија и роковите утврдени во Законот за парничната постапка, Законот за кривичната постапка, Законот за управните спорови, Законот за вонпарнична постапка и судскиот деловник, кој согласно со Законот за судовите го донесува министерот за правда и потоа до претседателот на судот доставува месечен извештај за спроведувањето на годишниот план за управување со движењето на предметите во судот, мерките за спречување на создавањето и намалување на заостатокот на нерешени предмети и за застојот на движењето на предметите во судот.
По заминувањето на Спасов во пензија , местото останува празно. Се појавува нов раководител во судот , Горан Стаменковски, кој поведува постапка за мобинг против тогашниот претседател на судот, попладне протестира со Шарените, а на работа опструира избор на нов судски администратор. По заминувањето на Спасов во пензија и она што се случува во овој и со овој суд, се уште не е јасно и покрај истражувањата на Комисијата. Дали позадински некој добро ја имал скенирано и изрежирано состојбата во Кривичниот суд, дали Комисијата и доаѓањето на Рибарев во тој суд се само шлагот на целиот сплет на околности кои следат и можеби долго подготвуван терен, времето и документите допрва ќе покажат кој каква улога имал!
(продолжува, кој Претседател на суд има најмногу предмети распоредени без АКМИС)
Поврзани објави
Камчев излегува од притвор, со гаранцијата од скоро 11 милиони евра
По Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев излегува од затвор. Кривичниот совет на апелација одлучи да ја прифати…
Трка со времето да се изрече пресуда- судење 11 часа , одлагање “Мoнструм” да не пропадне “ТНТ”
Денешното рочиште за случајот „Монструм“ е одложено доцна синоќа поради проценката на судијата Огнен Ставрев дека е поважно…
Условна затворска казна за одговорност за лекувањето на малата Тамара
Претседателката на Управниот одбор на Фоndot за здраство која беше дел од обвинетите против кои се води постапка…
Апелација пресече: Книгата на Стојан Андов може да се продава
Апелациониот суд ја укина времената мерка на Основниот суд Скопје 2 да се забрани продажбата на книгата „До…