И по седум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро на Велики четврток, кога беа убиени момчиња додека ловеле риба крај езерото нема ниту пресуда ниту конечна разврска кој и зошто го стори убиството.

Убиени беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Судскиот предмет се уште трае го превзеде и Специјалното јавно обвинителство но одговори за мотивите нема. Се завртеа многу приказни во кои беа вплеткани и политичари и локални бизнисмени теории за одмазда поради исмејување на карневал …но ниту една теорија не е потврдена.

Најновата теорија која се слуша за овој масакр е дека наводно прв бил убиен рибарот , а момчињата биле сведоци па затоа се потоа и тие ликвидирани. Убиството е сторено на начин на кој се врши мафијашка ликвидација. Некои од децата биле клекнати на некои им било пукано во срце. Суровоста на убиството и начинот, според експерти од оваа област некои и се појавија на судскиот процес , покажува на суровоста и непоколебливоста на убиијците да пукаат во момчиња кои нешто виделе.

Јавноста чекаше одговори но не ги доби , семејствата чекаа одговори и од бомбите на тогашната опозиција кои сега се во СЈО , но не ги добија. Предметот е во судски лавиринти и плива како предмет за многу полесно кривично дело. Нема ниту екстрадиција на осомничените за обиство кои слободно живеат во Косово нема ниту целосна отвореност на предметот за јавноста. Возилото на оние кои пукале е пронајдено, но зад него куп мистерии. Една капка пот на задното седиште и днк идентификација беше една капка надеж дека ќе се отвори и разјасни целиот случај.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда се уште чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.