Дел од завршните зборови на Митко Чавков поранешен директор на БЈБ.

Вистината за 27 април е една и не може да се склопи како мозаик од парцијални истраги. Имаше големи притисоци и очекувања од јавноста за расветлување на овој случај, а политичките противници со нивните изјави во медиумите и одредени медиумски анализи преудицираа моја вина. Како пример со извештаи од ПИ мерките дека мојот телефон бил „фатен” на базните станици кај ВМРО-ДПМНЕ, како и објавите со сегменти од сведочењето на загрозениот сведок. Целта беше формирање јавно мислење за моја јавна стигматизација. Беа очекувани и тенденции против него од криминалното подземје бидејќи 30 години сум дел од полицијата и се борам против нив, но не може да ги сфатам тенденциите за политички реваншизам. Бев понжуван во со негово фотографирање во затворот во Шутка и во судница со лисици на рацете.

За Чавков Законот за амнестија е „врвен аргумент за политичка контаминација на правосудството”.

Со ниту еден доказ, обвинителството не докажало директна умисла и сакање за да се изврши кривичното дело.

Надлежностите на златната команда се стратешки и златната команда не се меша во носењето на тактичките одлуки на лице место – рече Чавков.