ВИДЕО: Боки поврати и колабира пред Русковска, на носилка заврши во болница

Бојан Јовановски не даде исказ пред Русковска туку заврши во болница. Тој пред неа повратил , паднал и колабирал. Беше изнесен на носила и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција. Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваесетина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.

Адвокатот Саша Дуковски пред медиумите кажа дека Јовановски воопшто не дал исказ, бидејќи уште веднаш му се слошило.

Се случи непријатна сцена, нешто што се случува последните 40-50 дена откако е во притвор. Почна да повраќа и колабираше,  не беше контактибилен. Дојде брза помош и однесен е во болница. Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше воопшто пријатно. Секој човек заслужува право на живот. Јас сметам дека му треба адекватна медицинска нега, без оглед што сторил.

Не случајно е сега однесен итно во болница и не случајно до сега барем 20 пати бил на лекар“, рече Дуковски.

Total
0
Shares
Поврзани објави