Боки, Кичевскиот и Јанева биле само следени но не и прислушувани

Десет дена била следена поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, додека Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец повеќе од еден месец. За нив биле наложени посебни истражни мерки (ПИМ), што денеска им биле предочени на адвокатите на Јанева. Тоа го потврдија по излегувањето од увидот во доказите.

-За Јанева ми се чини, дека е околу десет дена следена, а за Бојан Јовановски и Зоран Милевски  над 30 дена. Само физичко следење, нема ништо друго, рекоа адвокатите Ирена Фрчкоска  и Дељо Кадиев.

Адвокатите најавија дека очекуваат деновиве Јанева да биде пуштена од притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави