Здравствената состојба на Боки-13 денес повторно го одложи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”, а следното рочиште е презакажано за 28 октомври.

Адвокатот Сашко Дуковски побара Јовановски да оди во куќен притвор за да ја добие негата и храната која му е потребна во домашни услови.

Јовановски е во притвор во Истражниот затвор во Шутка веќе 15 месеци затоа што судот не се согласува со куќен притвор.

Тој во текот на судењето се жалеше дека не се чувствува добро и неколку пати беше побарана лекарска помош.

Лекарите од Клиниката за гастро во Скопје тврдат дека Јовановски нема тумор, туку воспаление на желудникот.