Боки 13: Кирацовски ми среди средба со Силјан Мицевски

Проектот за изградба на станови не беше никаква измама или криминал туку реален проект. Како може да се помисли дека јас можам да го измам еден Силјан Мицевски – ги почна своите воведните зборови, обвинетиот за случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски.

Јовановски го наведе фактот дека се слушнал со Мицевски на денот кога бил уапсен на граница и побара да биде вештачен неговиот мобилен телефон за да се потврди неговото тврдење.

Ми рече Бојанче, бидејќи така ме викаше , среќен пат и убаво да си поминеш – отрки Боки 13.

Јовановски кажа дека првата средба со бизнисменот Мицевски ја организирал Александар Кирацовски и оти на 4 јануари бил потпишан меморандум со Општина Битола.

Боки во својот воведен збор открива имиња од власта коишто го поддржувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица.

Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски – изјави Јовановски.

Total
0
Shares
Поврзани објави