Богоевски: Мијалков ми монтираше случај со помош на судии и обвинители

Поранешниот шеф на тајната полиција Слободан Богоевски тврди дека има докази за средбите на Сашо Мијалков со обвинители и судии кои биле вклучени во судскиот предмет против него.

„Имам писмени искази заверени на нотар од лица кои присуствувале на тие средби. Многу пресуди се правосилни како и мојата, но се базирани од нелегално прислушувани разговори“, рече Богоевски.

Тој најави дека ќе бара оштета за материјална штета од милион евра за монтираниот процес заради кој помина одум месеци во притвор.

Во случајот Агент во 2015 Богоевски беше осуден и одлежа две години затвор за наводни малверзации при купопродажбата на земјиште кај салата „Борис Трајковски“.

Откри дека располагал со инсајдерски информации од УБК дека се следи со цел да му монтират случај каде единствен доказ бил дека познавал двајца адвокати.

Total
0
Shares
Поврзани објави