Бизнисменот Силјан Мицевски дава исказ за „Рекет“ – си ги бара парите

Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска дојде и Силјан Мицевски кој треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Мицевски кој по вторпат е повикан во Обвинителството, треба да даде појансување за парите кои наводно ги уплатил на сметката на пензионерка од Скопје наместо на Меѓународниот сојуз на првоосомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, и заради што ги дал средствата.

Пред да влезе во зградата на обвинителството, Мицевски, на новинарите им кажа дека втор пат доаѓа тука, при што додаде дека парите, 720.000 евра, не ги уплатил на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска, туку на Меѓународниот сојуз. Бизнисменот истакна и дека ќе бара парите да му бидат вратени назад.

Пред Мицевски, во Обвинителството беше и водителката Лила Филиповска која повеќе од еден час даваше исказ за „Рекет“. Таа на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Total
0
Shares
Поврзани објави