Бизнисменот Сеад Кочан, за најмногу десетина дена треба да го прими упатниот акт за издржување на затворската казна од четири години и осум месеци, која му беше изречена во предметот „Труст“. Откако упатниот акт ќе му биде доставен, тој самиот ќе треба да замине во затвор, за издржување на казната.

Откако пресудата ќе стигне во првостепениот суд, преку АКМИС системот ќе биде одреден судија за извршување на санкциите, кој ќе треба да го изготви упатниот акт на Кочан за во затвор.

-Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт, се предвидува во Законот за извршување на санкциите.

Кочан поднесе вонреден барање за преиспитување на пресудата до врховен суд но тоа не го одложува извршувањето на казната. Апелациониот суд пак за истиот случај „Труст“ пресуди условна казна за обвинетиот Василије Авироивиќ.