Апелацискиот суд ја укина пресудата за 9 години затвор за Ѓоко Поповски за набавката на 300 возила за МВР

Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата од 9 години затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски за незаконска набавка на 300 возила за МВР, што му ја изрече судијката Добрила Кацарска на 22 мај, потврдија од одбраната на Поповски.

Адвокатката на Поповски, Сања Алексиќ вели дека биле известени од судот дека пресудата е укината, но сѐ уште не ја добиле на писмено пресудата од Апелацискиот суд. Одбраната била известена дека Поповски од затворот „Идризово“ е вратен во истражниот затвор „Скопје“, зошто второстепениот суд му одредил мерка притвор. Но, деталите и насоките од второстепениот суд ќе им бидат познати откако ќе ја добијат пресудата.

Со укинување на пресудата за затворската казна се укинува и обврската осудениот Поповски на МБР да му ја надомести штетата од 28 милиони денари во предметот „Триста“.

Поповски е осуден дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки. Според пресудата која сега е укината, тој го оштетил буџетот на МВР за 453.570 евра.

извор: MKD.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави