Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата со која поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски беше осуден за мобинг врз вработен во судот.
Горан Стаменковски минатата година го тужеше Панчевски дека го деградирал затоа што бил учесник на протестите на Шарена револуција во 2016 година.
„Поради ваквото однесување на тужениот, тужителот претрпел промени во насока на хиперсензитивност, зголемена анксиозност, снижено расположение и ослабена толеранција.. Пријавува немир, чувство на лутина…Вака наведените промени се од реактивен карактер, а резултат на продолжителни стресни настани и околности во склоп на работната средина“, пишува во одлуката на Апелациониот суд.
“По наоѓање на овој суд, не е јасно од каде првостепениот суд заклучува дека горенавадените дејствија претставуваат елементи на психичко вознемирување согласно со Законот за заштита од вознемирување на работното место“, пишува во одлуката на Апелација.
Судскиот процес го водеше судијата Хилда Мешкова кај која повторно се враќа предметот.

#прилог пресудатана Апелационен суд