Судскиот совет во Кривичен пресуди 7 години и 6 месеци затвор за дедото на малата Тамара кој разочаран од здраствениот систем пукаше кон поранешниот минстер за здраство Никола Тодоров. Апелациониот суд иако еднаш ја укина пресудата , по втората одлука донесе решение со која ја потврди високата затворска казна.
„Не сум имал намера да го убијам Никола Тодоров, ако сакав јас во Велес ќе го убиев, немаше да чекам 3 години“, ова го кажа Љупчо Стојановски пред да ја чуе првата пресуда во судница. Бараше поблага казна или ослободителна пресуда разочаран оти ја нема омилената внука, но и целото семејство. Не беше во добра здраствена состојба особено откако дозна дека родителите на Тамара се отселија од Македонија и немаат намера да се вратат.
Во судница тврдеше дека пиштолот го носел со себе дента кога Тодоров му ја предаваше министерската фотелја на Арбен Таравари, само за да пука во воздух како предупредување за веќе никогаш да не се повтори неправдата која ѝ беше нанесена на неговата внука. Стојановски кажа дека бил разочаран од ветувањето на Тодоров дека ќе ги покрие трошоците на Тамара во странство, но не го сторил тоа.
Малата Тамара почина на 9. февруари 2015 година, а се бореше со тежок деформитет на р’бетот.
Поврзани објави
Кривичен: Одбиени жалбите , Груевски влегува во затвор
По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и…
Врховен уште нема изготвен упатен акт за Јанкуловска, бил комплексен случајот
Вршителот на должноста претседател на Врховниот суд , Фаик Арслани, изјави дека се уште не е испратена одлуката…
Грчки документи во Апелација-Чавков нема вила на Халкидики, најавена жалба во Стразбур
Петмина од осудените за настаните во Собранието на 27-ми април, денеска до Апелациониот суд Скопје поднесоа жалба и…
Нови 2 и пол години затвор за Јанкулоска, Јанакиевски 4 и пол години затвор , Протуѓер условна казна затвор
Мартин Протуѓер алтернативна осуда 2 години затвор а нема да се извси доколу не го повтори делото за…