Ана Камчева – Се плашев од Катица Јанева

На продолжението од судскиот процес Рекет беше сослушана сопругата на Орце Камчев кој даде детали околу средбите со Бојан Јовановски и Катца Јанева. Во продолжение интегрално нејзиното сведочење и прашањата на Бојан

Сведочењето на Ана Kамчева

Сопругот некаде пред полноќ ме разбуди и ме повика во долниот дел  во куќата да ми соопшти нешто. Беше и Милевски кој кажа дека во 6 наутро ќе има претрес. Така и беше се правеше претрес а во 10 часот во Орка. Кога стигнавмe во судоти имаше недоличното однесување на Лиле Стефанова  која на адвокатот Апостолски му рече ништо не ми можеш Тони моќта е кај мене само треба да знаеш кога да ја искористиш. Побара да не биде бранител во Имерија.

Катица прв пат ја видов после полноќ. Влезе се поздрави со сите од Империја и излезе и даде изјава,а ние уште го немавме решението за притвор.  Орце доби решение за притвор неколки дена подоцна а Милевски ме повика и кажа дека има догворена средба со Васко ДИмишков и ме чекаше. Со негова кола заминавме во Капиштец и во стан кој бил канџеларија за специјални клиенти. Васил ми кажа дека имал средби со Орце и го предупредил и дека би требало да соработува. За овие средби јас не знаев. Ми рече дека сестра му е блиска и со Лиле и повикивајки се на амбасади би му помогнал, но за 2, 4 или 6 милиони евра. Ми кажа за поблага мерка со оваа сума после  сестра му ќе треба да се пензионира оти ова не бил обичен предмет. Признавам плачев, но и бев изненадена. Немаше крајна цена му требало уште еден ден а јас да му кажам на Орце. Милевски беше од доверба и на Васе и Орце и Милевски кажа 6 милиони евра . Тогаш со сопругот рековме сега немаме предмет имаме проблем.

Ме викна Зоки и ми кажа дека Боки е вознемирен за текст за синот за Јанева дека е вработен во 1тв. Му реков немам време за тоа но Зоки му се јави и се слушнавме Боки рече ке оди на пат и дека ако жената сака да помогне и да најдам начин да се повлече текстот од порталот. Тогаш сватив за близината на Катица Зоки и Боки. Боки најави дека ќе се сретнеме преку Милевски и тоа во канцеларијата на Боки, а внатре седеше едно смеѓо момче и му рече да излезе. Кога излезе Боки кажа дека е Лазар Јанев. После Боки зборуваше за некои проекти нудени на Орце и ми рече дека ги одбил и затоа се нашол во притвор. За модните центри би бил директор Лазар.

Му кажав на Орце за се и шокот на близината на Катица со Боки и Лиле со Весна. Боки имаше многу информации и точно знаеше се кој сведоци кој прислушкувани разговори се во предметот. Зборуваше со неа на споерфон и ми даваше напатсвија и одобренија. Не побара пари од нас првиот пат. Никогаш не бев сама секогаш бев со Милевски и тоа во 1тв, еднаш во Сушико и два пати дома . Но во еден состанок Боки побара 500 илјади евра. Катица на тел даваше инструкции кој адвокат да дојде во СЈО. Спорен беше и Апостолски да доаѓа.

Поднесовме предлог и гаранција од 14 милиони евра до Димишкова но како судија не одби . Боки и Катица ни кажуваа кои чекори да ги правиме. Со Орце договоривме да платиме и извадивме од сметките пари, а 150 000 ги обезбеди Милевски. Парите ги донесе свекрва ми Ратка мајка му на Орце. Ме зеде Милевски отидовме кај Боки дома таму беше Сергеј и девојчето што работи. Му ги дадовме и кога виде дека фалат 150 000 и реагираше на малите банкноти, но рече ќе организира средба со Катица. Така и беше и пак Милевски ме однесе кај Боки дома , а Катица веќе беше таму. Се поздравивме и разговараме за децата. Таа кажа дека ако не бил Боки Лазар ќе работел на брод. Во СЈО Орце рекол сака да оди во куќан притвор за да биде со децата за Нова Година. Боки не прекина дека сите знаеме за што сме дојдени. Катица спомна за гаранцијата дека ќе ме гонела за проценката на гаранцијата и дека имотот е под кирија но таа рече дека ако она ќе побара без гаранција да биде пуштен во куќен притвор како што и се случи.

Прв дома Орце го пречека Милевски и од  дента почнаа средбите со Боки. Јас не бев присутна кога се исплатиле милионите Орце ми покажа специфкација и снимките. Во станот на Боки Катица ми кажа дека ако ова излезе ќе се знае дека е од мене и дека на Орце може да му отвори многу предмети.

Се плашев од Катица, но Боки беше специјален јавен обвинител оти се знаеше и за други предмети.  Со Орце рековме ќе пријавиме. Го информирав од УБК Горан Николовски му кажав од околу за кои се збори и побарав совет. Му кажав дека во мое присуство Боки  зборуваше со министерот за внатрешни и близина за која се уверив. Тој ми посочи дека ако се пријави Вилма обвинителката ќе ја истера оваа работа до крај.

Прашања на Бојан Јовановски кои судот делумно ги дозволи.

Бојан – Кога лично побаравте средба со мене.

Ана-  Никогаш

Бојан-  Дали преку Бане Попович? Дали се сеќава сведокот што ми зборуваше за нејзиниот сопруг за предметот за неговата мајка и сестра, но судот тука реагираше дека прашањето е ирелевантно а Бојан додаде …таа плачеше дека е оставена сама. На колку места одевте со Милевски за да го извадите Камчев од притвор.

Ана -Никаде

Бојан – Јас имам други сознанија но ќе ги кажам кога ке дадам исказ. Дали сум зборувал со Лиле Стафенова лично.

Ана – Не

Бојан –  Колку средби имавме

Ана – Многу …не знам колку

Бојан –  Што зборувавме на средбите ајде кажете ве држи помнењето ајде …. судијата ги опомена и двајцата.

Ана – Не се сеќавам освен како изгледа канцеларијата.

Бојан – Како го доживувате Милевски во овој правен настен.? но обвинителската  Вилма Русковска реагираше дека Милевски  признал а  дожививања и емоции не се дозволени како прашеање

Бојан –  Дали Милевски ви даваше наредби и укажувања што да правте? Која е Лидија Јаневска?

Ана –  Сопственик на ресторан и моја пријателка

Бојан –  Дали сте барале помош од неа? Дали Лидија Јаневска самоиницјативно се јавила кај Јанева (праша оти била спмната во истрага) ? Не беше одговорот.

Бојан- Каде беа средбите со шефот на УБК?

Ана –  Средбите не беа во УБК оти таму беше Јовче Ременски ваш голем пријател со сопругата.

Бојан –  Дали се сеќавате дека ми правевте вечери лично за мене додека правевте нелегални акции..но тука беше прекинат од судот и дали докторот Тони Јосифовски беше на вечерите? Дали ме теравте да водам негативна кампања за Наташа Савова …но судот не дозволи одговор.  Дали знаете дека оОрце нелегално не снимал и на вечерите Дали ги знаете бугарските  пријателите на Орце, на што АНа одговори Не а бојан додаде- Ваши куќни пријатели се !!!! Со кои судии му разговарал …но и ова судот не го дозволи а Бојан појасни дека Камчева не ја зборува вистина оти кажала дека зборувал со Фросина Заев Спасовски Арафат…

Бојан – Дали сум добивал подароци од вас и Орце ? но повторно Вилма Русковска реагрира  дали добивал не е битно добил милион.

Бојан – Дали бевте во болница да ме посетите?

Ана – Да два пати со Милевски и Јосифовски .

Потоа авокатката на Катица , Фрчковска праша дали Катица знаела за средбата во неговата куќа и дали побарал пари на што Камчева кажа дека знаела не била случајна средба но никогаш ништо не побарала и пред неа не биле давани пари.

Беше сослушана и сметководителката која даде детали околу процедурата на вадењето пари од сметки и предавањето во торбици.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Необјавени телефонски разговори: Јанакиески до активистите : „Кај ‘Апче’ и во Гази Баба има многу комуњари, да ги казнеме некако“

Судскиот процес за изборни нерегуларности Титаник ќе трае уште еден час оти пратеникот Илија Димовски побара одложување поради…