Амнестијата за 27-ми април е уставна

 Уставниот суд одлучи да не ја оценува уставноста на законот, а ја отфрли и иницијативата за членот 2 бидејќи за овој дел од законот веќе има одлука од декември лани. За двете одлуки судиите гласаа тајно, а крајниот резултат е тројца судии „за“ прифаќање на иницијативите, а шестмина „против“.

Во расправата пред гласањето судиите ги изнесоа своите ставови. Судијата известител, кој даде предлог за отфрлање, смета дека простувањето кривично дело не е основно човеково право, па оттаму не може да се говори за некакво нарушување. И смета дека законот е уставен, став со кој што се согласија мнозинството судии.

„Уставниот суд не може да се става во улога на Собранието, туку тој одлучува дали Собранието имало уставно право да го донесе законот и затоа ваквите прашање за правото на давање аменстија се неосновани, рече Насер Ајдари, уставен судија..

Еден од тројцата судии кои беа „за“ , судијата Јован Јосифовски смета дека иницијативите се подробно образложени,а законот спротивен на Уставот.

„Не може Собранието кое дава амнестија да го пренесе правото на судот да одлучува арбитрарно кој ќе добие, а кој нема амнестија за ист кривичен настан. Од тие причини сметам дека законот е противуставен“, рече Јован Јосифовски, уставен судија.

Денешните одлуки на уставните судии ги отфрлаат дилемите околу уставноста на Законот за амнестија. Ова законско решение значеше отфрлање на сите обвиенија за 15 обвинети за 27-ми април, меѓу кои и петмина пратеници.

Меѓу амнестираните се и организаторите на иницијативата За заедничка Македонија. За инцидентите од 27-ми април осудени се 15 лица, меѓу кој и Митко Чавков, чиј иницијатива за ценење на уставноста на амнестија судот ја отфрли минатиот месец.

извор: Канал5тв

Total
0
Shares
Поврзани објави