Алачка ќе го изгуби презимето ако треба и на суд, било бренд на екс сопругот

После седум години од разводот некогашниот брачен пар Алачки повторно во центарот на интересот на јавноста. Тие можеби ќе се сретнат и на суд поради презимето Алачки. Иако разведени Андријана го користи презимето на поранешниот сопруг кој пак сега е во врска со познатата водителка Марина Дојчиновска. Горан Алачки до некои медиуми испратил писмо во кое вели:
“Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конкретно со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медумска популарност, односно моето презиме. Нејазиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била Алачки туку Алачка во сите исправи и во пасош”, изјавил Горан.
По долги години мирен живот организација на свадба и заедничко внуче од ќерката прв пат во јавноста се појавува ваква позивка која доколку Алачка не го смени презимето ќе заврши пред суд. Горан тврди дека презимето му е бренд и допрва треба да се провери дали е патентирано со авторски права и како бренд.
Алачка стана ултра популарна со нејзиното етно готвење и поршетки по светот промовирајќи ја македонска традиционална кујна.

Total
0
Shares
Поврзани објави