Ахмети вината за прекинување на пописот ја префрла врз Собранието

Лидерот на ДУИ Али Ахмети се правда дека вчера имал многу обврски затоа исказот кај обвинителката Фатиме Фетахи за случајот „Попис“ го дал порано од договореното.

Ахмети вели дека пописот е одложен со добра намера да не се создават проблеми бидејќи тогаш многу луѓе сакале да ја дестабилизираат земјата.

„Соранието и сите пратеници сакале да се менаџира ситуацијата и сите заеднички и јас како 120-ти пратеник сме одлучиле да се одложжи имајќи ја во предвид ситуациујата во коај биа нашата држава во тоа време“, вели Ахмети.

Тој заедно со Груевски е осомничен за злоупотреба на службената положба бидејќи како коалициски партнери се договориле да го прекинат пописот.

Според обвинителството, со прекинувањето на пописот осомничените сакале да ги сокријат демографските факти за земјата оштетувајќи ја земјата за 2,8 милиони евра.

Ахмети повтори дека исказот во специјалното обвинителство во Приштина го дал во својство на сведок и одби да открие што кажал пред хашките обвинители.

Total
0
Shares
Поврзани објави