Ахмети на 2 октомври ќе се сослуша во обвинителството за предметот „Попис“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на 2 октомври ќе биде повикан на распит во обвинителството за случајот „Попис“. Обвинителката Фатиме Фетаи за Телма потврдила дека поканата е подготвена за 2- октомври.

Предметот СЈО го отвори во март 2018 година, а го презема Обвинителството за организиран криминал пред една година. Предметот се однесува на пропаднатиот попис од 2011. Тогаш владините  партнери Никола Груевски и Ахмети се осомничени за злоупотреба на службената положба и штета на државаа од  2,8 милиони евра.

Ахмети ќе треба да се изјасни зошто на 5 дена пред завршвањето пописот бил запрен откако претходно оставки поднесоа сите тогашни членови на пописната комисија, откако оценија дека поради недоследности во процедурата, ќе се добијат нерелевантни податоци. Освен Ахмети, за намерно пропаѓање на пописот, СЈО го сомничеше и тогашниот премиер Никола Груевски.

– Иако биле свесни дека ќе настанат штетни последици, лицата пристапиле кон спроведување на пописот. Кога виделе дека немаат капацитет да ги сокријат демографските факти за земјата, тие, со цел да избегнат одговорност, се договориле да претстават дека причините за стопирање на пописот се од техничка природа – соопшти СЈО на 21 март 2018 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави