АДВОКАТОТ НАСЕР РАУФИ ЗА „МОНСТРУМ“: Верувам дека има бомби и дека тајните служби знаат кои се убијците

И покрај многуте очекувања, повторното судење за случајот Монструм не донесе ништо ново. 

Односно, обвинителката Фатиме Фетаи побара доживотен затвор за петмината кои и претходно беа обвинети за овој случај. 

Бомбите со кои располагаше тогашната опозиција а сегшна власт не покажаа нови моменти, а дека нема поинака светлина врз случајот рече и обвинителката Фетаи. 

А како неодговорено остана и прашањето кој беше мотивот за овој грозоморен чин. 

„Јас верувам, навистина верувам дека има бомби. Верувам и дека тајните служби знаеле и знаат кои се убијците и виновниците, мислам дека ќе дојде ден и ќе се знае кои се тие што се инволвирани во овој случај. Мислам дека тие бомби некој ги има но сигурно е и дека има и друг мотив зошто не се даваат, некој интерес кој ние како одбрана не можеме да ги знаеме.“, изјави за ТВ 21 Насер Рауфи, адвокат на обвинетите од Монструм.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, на стартот на повторувањето на процесот рече дека Владата не се меша во работата на судството, но потоа додаде дека единствено вмешување било барањето за повторното судење на случајот.

„Ние во овој процес никогаш не сме интервенирале освен за барањето за повторување на судењето во целост и тоа го постигнавме. Сега е на судските власти, судот и обвинителството, како и на одбраната, да го истуркаат овој процес до крај“, рече Груби.

Инаку, обвинителката Фатиме Фетаи во своето завршно обраќање напишано на 70 страници, рече дека двајцата кои се во бегство, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ го извршиле убиството. Хаки Азири е обвинет дека им помогнал, но без да знае дека тие извршиле убиство. А, што се однесува до Фејзи Азири, обвинителката него го обвинува дека им помогнал на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ да избегаат. За обвинетиот Сами Љута, обвинителката Фетаи рече дека обвинението е повлечено поради недостиг на докази.

faktor.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави