Адвокатот кој бараше списи на албански ќе добие дисциплинка: Само го користам правото што ми го дава Законот за јазиците

Од Адвокатската комора го известиле судијата Огнен Ставрев дека ќе се поведе дисциплинска постапка против адвокатите кои се обидуваат да ја одолговлекуваат постапката за ТНТ. Адвокатот Меџан Даути побара превод на огромен број материјали од предметот, а Димитар Дангов откажа полномошно. Ова беше протолкувано како намерен потег на одбраната за да се одолговлечи постапката иако ништо од ова не е спротивно на Закон.

Адвокатот Мерџан Даути вели дека тој се повикува на Законот за употреба на јазиците и дека му биле прекршени правата што и на денешното рочиште немало повикан преведувач.

Откако адвокатот Мерџан Даути побара од судот на албански јазик да се преведе целиот предмет за случајот „ТНТ“, судијата Огнен Ставрев испратил известување до Адвокатската комора со барање за дисциплинска постапка, бидејќи според него адвокатот сакал само одолговлекување на постапката.

-Ова е злоупотреба на правото од страна на адвокатите, за одоговлекување на постапката, бидејќи се изведени голем број на докази и таа е во фаза на окончување, рече судијата Ставрев.

Тој посочи дека судењето ќе продолжи во фазата каде што е стигната, а отсега адвокатот ќе добие симултантен превод на рочиштата, но нема да бидат преведени материјалите кои досега биле изведени на околу 40 судски рочишта.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Боки 13 итно хоспитализиран

Поради влошување на здравствената состојба, Бојан Јовановски, е задржан на лекување во болницата за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.…