Хасот во Основниот суд 1 во Скопје по новиот распоред на судии и масовното прераспоредување на судската администрација продолжува , а првиот човек на судот претседателот Иван Џолев е на ракомет во Загреб. Судиите по празниците се уште не можат да се пребројат колку предмети имаат, но сигурни се и во паника дека нема да ја остварат предвидената норма заради што може да имаат последици.
Додека судиите се мачат да се снајдат кој колку предмети добил или должи, судската администрација се труди да го научи она што треба да го работи. Голем дел од службениците се распоредени на несоодветни места на кои дури и по опис на работно место не им одговара. Административците бараат од Претседателот да поминат обука за новите работни места, а судиите се чудат како ќе работат со несоодветно обучени и нестручни служби. Судиите стравуваат од ненамерни грешки на администрацијата, оти потоа одговорноста ќе биде нивна. Службениците се трудат колку можат да ги одложат активностите додека не се врати претседателот на работа и да побараат да се извршат сооодветни измени или обука.
На новиот распоред во судот е подесен и АКМИСОТ односно електронскиот систем за делење предмети. Претседателот деновиве укина 9 кривични одделенија што значи дека 9 римски бројки на судии се затворени и АКМИСОТ е подесен да прави нивелација по останатите судии од овие затворени одделенија. Ова се прави без никаква одлука , а клучот за системот е во Американската амбасада која го донира овој систем за редење предмети. Клучевите за менаџирање на АКМИСОТ до ден денес од 2010 не се дадени на судството.
На овој начин се доведува во сомнеж распределбата на предмети оти вака затворајќи одделенија и префрлајќи судии по други одделенија се затвораат нивните, а предметите се концентрираат. Системот ги дели кај помалку судии, па сомнежите за местење на предмети се зголемуваат.