Ацо Колевски – обвинителот кој побара укинување притвор на Кочан додека беше во бегство, нов претседател на Советот на јавни обвинители

Едногласно без противкандидат и зад затворени врати членовите на Советот на јавните обвинители го избра обивнителот Ацо Колевски за нов претседател на Советот на јавни обвинители со мандат од две години. Колевски е обвинителот кој побара од Врховен суд да му се укине притворот на бизнисменот Сеад Кочан кој тогаш  беше во бегство и со тоа му се отвори патот да се врати назад на слобода. По оваа одлука за врховните судии се уште се води постапка за разрешување. Колевски и денеска стои зад потписот на тоа барање за заштита на законитоста.

-Сите случувања после тоа го оправдуваат барањето за заштита на законитоста. Доколку  ова вонредно правно средство се употребуваше ова вонредно досега ќе се извршеше некаква контрола во работењето на СЈО, тие ќе немаа таква слобода да постапуваат без контрола и да дојдеме до оваа ситуација јавен обвинител, за жал, да се впушти во недозволени дејствија, рече Колевски.

За случајот Рекет смета дека фрла темна дамка врз јавнобивнителската функција, а за судбината на предметите на СЈО клучот го гледа пред се во Собранието.

Total
0
Shares
Поврзани објави