9 години затвор за злоупотреби со набавка на возила во МВР

Девет години затвор изрече судијата Добрила Кацарска во Кривичниот суд за предметот „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила. Судијата Кацарска долго и детално појаснуваше дека Поповски ги прекршил одредбите во законот за јавни набавки при набавка на возила за МВР со што е нанесена штета од големи размери. Дел од доказите се и разговорите меѓу Гордана Јанкуловска и Кирил Божиновски кои зборуваат дека на фината на сите фирми кои конкурирале ќе им дадат по малку од набавката.
Ѓоко Поповски е обвинет дека со јавната набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

ДОПОЛНУВАЊЕ
Судот по барање на обвинителството поради сомнеж од бегство одлучи на Ѓоко Поповски сега осуден со неправосилна пресуда , конечната одлука по жалба на одбраната до Апелациониот суд да ја чека во притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави