Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, изрече шест години затвор за Сеад Кочан за предметот „Труст“ и забрана за вршење дејност. Според обвинението, осомничените формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.
Ова е првостепена пресуда и не е правосилна сите страни во постапката имаат право на жалба.
Обвинетиот Василије Авировиќ доби 3 години затвор. Во текот на судскиот процес сите докажувааа и тврдеа дека не се виновни.
Кочан во завршните зборови рече:
– Покрај сувото гори и суровото.
Сакал да биде конкурентен на пазарот и да обезбеди работа за неговите вработени и нивните семејства. Призна дека не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише оти имал верба во својот тим иако како менаџер имал таква обврска.
И Авировиќ тврдеше дека ништо незаконски не сторил и дека поради ова судење дополнително ја загрозило неговата кревка здравствена состојба.
Обвинетиот Ватиќ во завршните зборови очекуваше ослободителна пресуда и така доби.
СЈО побара тројцата обвинети да бидат осудени, а фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра. Освен барањето за конфискација на имотот, СЈО одлучи третообвинетиот во овој случај Сафет Васиќ да го гони за помагање и го повлече обвинението за неговата фирма „Вато“ ДОО Студеничани.
Од фирмите на Кочан се конфискуваат над милијарда денари.
Поврзани објави
Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на распит – истовремено бара нов мандат во обвинителството
Обвинителката Вилма Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на директорот на Управата за финансиска…
Со елек од хартија протестираше пред суд
Тетовскиот суд е колевка на криминалот и корупција – пишува на импровизираниот елек на Жарко Серџовски кој се…
Опелот од “Мoнструм” прв пат го виде и јавноста
„Oпелот омега“ еден од клучните докази во постапката за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро од пред 6 години…
Милошоски во ЈО: Mатеријалите се релевантни затоа што беа потврдени и од самиот Заев,
Пратеникот Антонио Милошоски во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја предаде и втората аудио снимка…