Затворениот кој пред четири години во затворот Идризово беше крвнички претепан од надзорник односно затворски чувар , деновиве во скопскиот суд 2 добил одлука за исплата на штета поради изгубен бубгер и пукната слезина. Од судот потврдуваат дека има одлука, но бидејќи предметот е во жалбена постапка не соопштуваат детали. По правосилност на одлуката ќе соопштат повеќе информации.
Според сознанијата на dosie.com.mk надзорникот откако добил 6 месеци затвор , по правосилност на пресудата оштетениот поднел барање за штета и добил 50000 евра. Се разботи за случај од 2013 година кога вработенот како виш надзорник во КПУ „Идризово” на 12 март кај бензинската пумпа, по кавга со тупаници го претепал осудениот 37 годишен , кој издржувал казна за кражби.
Според изјавите по настанот двајца осуденици биле во местото викано Свињарник во „Идризово” за да му поправат телевизор на друг затвореник и откако завршиле со работата двајцата осуденици тргнале кон бензинската пумпа за да се вратат во своите простории. Биле пресретнати од надзорникот кој им кажал дека по тој пат не смеат да се движат и почнал да ги навредува по што го истепал едниот затвореник со тупаници и гумена палка и му ставил лисици на рацете. Затвореникот бил однесен во соба, но по кусо време се пожалил на силни болки во стомакот по што бил однесен во болница каде поради тешки повреди од тепањето му биле отстранети бубрег и слезина.
Поврзани објави
Обвинение за екс градоначалник
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот,…
Камчев ја сменил адресата на живеење во Охрид, ќе одлежува казна во затвoрот во Струга
Бизнисменот Орце Камчев затворската казна за случајот „Империја“ ќе ја издржи во затворот во Струга бидејќи во судот…
МВР од денес со меѓународна потерница по осуденикот кој сакаше да го убие Села
Министерството за внатрешни работи, денеска распиша меѓународна потерница за Никоја Војминовски, главниот осомничен за нападот на претседателот на…
Сашо Мијалков е слободен падна пресудата за „Титаник 2“, Апелација ја укина
Апелациониот суд Скопје ги укинал пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и…