Зошто пропадна Џејми Оливер? Судбината на “Голиот готвач”

Во текот на последните две децении, Џејми Оливер бил еден од најпознатите телевизиски готвачи на светот, а до таа титула дошол благодарение на својата емисија “Гол Готвач”.
Меѓутоа, минатите неколку години Џејми се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, што кулминирало со затворање на дури 22 негови ресторани ширум Велика Британија.
Компанијата “Jamie Oliver restaurant Group” во вторникот поднела барање за стечај, а повеќе од 1.000 луѓе останале без работното место. Меѓународната франшиза Џејми Оливер, односно 61 негов ресторан ширум светот, ќе продолжи со работа.
Во живот се одржале и три ресторани на лондонскиот аеродром Гетвик, но не е познато уште колку долго. Ако дојде и до нивно затворање, без работа ќе останат уште 300 луѓе.

Џејми Оливер моментално е во минус од 71,5 милиони фунти. Проблемите на славниот готвач и не се толкава новост, со оглед на тоа дека бројот на неговите ресторани внатре во ланецот, во последните две години, се намалил за дури 17.
Оливер за тоа го обвинил растот на цената за закуп и работа, како и “гостите кои крадат работи од тоалетите, и персоналот кој краде намирници и вина”.
Растот на цената на закупот на простор и натаму се наведува како една од причините за пропаста на ова 11 години старо кулинарско царство, но е и како единствена.

Компанијата уште пред две години била потресена од референдумот за Брегзит и тогашниот пад на фунтата, поради што поскапел увозот на намирници, а компанијата на Оливер речиси банкротирала. Како причина се споменуваат и големиот број на ресторани во Британија.
Сето тоа, во комбинација со, како што велат гастрокритичарите, прескапите јадење на Оливер, не можело да излезе на добро.
Некои експерти, како причина за падот на посетеноста на рестораните ја наведуваат и нефлексибилноста во работењето, со оглед на тоа дека Џејми упорно се спротивставувал на трендот за достава на храна.

index24.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави