Лекарите во Италија се зачудени од издржливоста на Марија Орсингер, 101-годишна баба, која трипати го прележала Ковид-19, ја преживеала пандемијата на шпански грип и Втората светска војна.

Орсингер била позитивна на Ковид-19 за првпат во февруари, пишуваат светските медиуми.

„Во февруари, мајка ми беше хоспитализирана во Сондал, а докторката во болницата ни рече дека никогаш не се сретнала со некој толку стар што се разболел од коронавирус. Таа дишеше сама и немаше треска“, изјавила нејзината ќерка Карла.

За жал, таа била хоспитализирана повторно во септември со треска, по што повторно била тестирана и била позитивна, поминувајќи низ целосен период на лекување од 18 дена.

Дури и тогаш, медицинскиот персонал бил зачуден од еластичноста на старицата и објавил дека нејзиниот престој во болницата е претежно од претпазливост.

Сепак, нејзината борба со коронавирус не застана тука. Минатиот петок повторно била позитивна на вирусот. Трета среќа, како што се шегуваат. Марија Орсингер, сепак, е асимптоматски случај.

Дури и пандемијата на шпански грип не ѝ го загрозила животот

И покрај тоа што била прилично врзана за кревет заради нејзините години и имала потешкотии во комуникацијата со нејзините три ќерки бидејќи е скоро глува, нејзиното семејство со нетрпение го чека нејзиното пристигнување дома.

Родена на 21 јули 1919 година во малото гратче Гаџо, Марија Орсингер ја преживеала пандемијата на шпански грип, се омажила за време на Втората светска војна и сега е на добар пат да го победи Ковид-19 по третпат.

„Лекарите се целосно запрепастени“, велат нејзините ќерки, објаснувајќи дека досега нивната мајка била тестирана трипати негативна и трипати позитивна.