Запленети еден тон кокаин, 2 милиони евра и луксузни автомобили

Европската полициска агенција „Европол“ соопшти дека со меѓународната операција „Фамилија“ е разбиен балканскиот ланец на криминалци кој со приватен авион пренесувал кокаин од Јужна Америка во Европа.

Уапсени се вкупно 16 луѓе, 11 во Европа и пет во Азија, а запленето е повеќе од еден тон кокаин и два милиони евра во готовина.

Европол истакнува дека балканските криминалци користеле приватни авиони за пренесување на кокаин помеѓу Јужна Америка и Европа и со бродови пренесувале наркотици во Хонг Конг и Монако.

Хрватската полиција започнала истрага на почетокот на минатата година која била проширена за да се приклучат властите од Јужна Америка, Азија и ширум Европа, потоа американската канцеларија за борба против наркотици, Европол и Европската агенција за заштита на граници, Фронтекс.

Кокаинот го криумчареле од земјите од Јужна Америка и Европа со мал приватен авион со ознака за ВИП летови. Откако детектирале кој од авионите криумчари, го следеле од Франција до Бразил.

Во месец мај, оваа година швајцарската полиција ги пресретнала кога дрогата ја истоварале во комбе. Вкупно пронашле 603 килограми кокаин и уапсиле тројца луѓе: хрватски, чешки и црногорски државјанин.

Уапсени биле и двајца членови на нарко-картел. Еден од нив е нарко бос (60) родум од Подгорица, уапсен во Швајцарија.

Станува збор за маж со повеќе идентитети, познат по името Мајкл Доковиќ, кој со оваа операција раководел од изнајмена “пентхаус“ во Млиновим.

Вистинското име му е Иљмиј Фрључкич, а иако не се споменувале конкретни имиња, се смета дека е уапсен и Перо Шарац Пјер кој остварувал контакти со добавувачите од Јужна Америка. 

Total
0
Shares
Поврзани објави