Шабан Шаулиќ, загинал во тешка сообраќајна несреќа во Германија, јавуваат српските медиуми.

Според медиумите, Шаулиќ настрадал во северозападниот германски град Биелфилд.

Детали за несреќата се уште нема но неофицијално телевизиите пренедуваат дека сообраќајната несреќа се случила утрината околу 7 часот, а со пеачот во автомобилот бил неговиот кум, Слободан Стојановиќ Боби, кој исто така е тешко повреден.

Шаулиќ е превезен во најблиската болница, лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат, потврдено е официјално за дел од српските медиуми.