Wi-Fi станува минато, 5G технологијата е нов стандард

Пристигнувањето на новата 5G технологија ветува нова револуција во начинот на вмрежување и изгледа дека ќе ги реши проблемите кои ги остави зад себе Wi-Fi мрежата.

Поврзувањето преку Wi-Fi мрежа пред 6-7 години важеше за последниот чекор во еволуцијата на интернет поврзувањето, но сега тоа предизвикува повеќе проблеми отколку што има бенефити.

Мобилниот интернет веќе е побрз од Wi-Fi мрежата во многу земји од светот, меѓу кои и Македонија, а преминувањето на 5G дополнително ќе го забрза поврзувањето. Ниската латенција, флексибилноста, сигурноста и функциите за одредување на приоритетни податоци ќе ѝ помогнат на 5G технологијата да стане прв избор во иднина.

Според магазинот MIT Technology Review, германската автомобилска компанија Audi една од оние кои размислуваат за основање приватни мрежи, па затоа летово почна со тестирање на 5G мрежа за нивните роботи. Ако тоа им успее, тогаш Audi ќе ја заменат нивната Wi-Fi мрежа со 5G мрежа. Покрај Audi, уште BMW, Daimler и Volskwagen се заинтересирани за 5G технологијата бидејќи очекуваат дека таа ќе ги стави во најдобра позиција за напредок во индустријата.

Приватните 5G мрежи веројатно ќе ги поттикнат производителите на опрема да им помогнат на компаниите кои ги развиваат и одржуваат ваквите мрежи. Една истражувачка компанија направи проценка дека пазарот ќе генерира добивка од 356 милијарди долари во текот на наредните 10 години поради оваа технологија.

Во блиска иднина, трошоците за имлементирање на 5G технологијата можат да претставуваат ограничување за помалите компании кои се заинтересирани за неа, а дури и големите компании можат да се соочат со слични проблеми. Но, кога компаниите ќе добијат сопствена опрема и пристап до спектарот, ќе можат да основаат свои мрежи дури и ако мобилните оператори не им овозможиле 5G мрежа за нивните работни сајтови.

извор: gsm.mk

 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Туристи во Црна Гора нарачале кафе со посебен вид млеко: Поради тоа што го добиле од келнерот се запалија мрежите – „Од сега ќе се вратиме на еспресо“

Видеото од туристите кои нарачале најобично кафе со млеко во Црна Гора преку ноќ стана вирално. Иако многумина…