Автономните возила сигурно ќе бидат главниот начин на превоз, барем на јавниот превоз, во не толку далечна иднина. Повеќе компании развиваат ваква технологија, а со развојот на вештачката интелигенција само прашање на време е кога ваквите возила ќе добијат зелено светло од властите во повеќе градови во светот.

Финска ќе биде една од првите земји која ќе воведе јавен превоз со автономни возила. Нивната компанија Sensible 4 веќе работи на систем за автономно управување на возила кој се истакнува по тоа што е развиван во временските услови достапни во оваа северна земја.

Поточно, системот е направен да биде меѓу ретките кои можат да го управуваат возилото во секакви временски услови, односно во услови на дожд, снег, магла, невреме и слично.

Оваа компанија во соработка со јапонската компанија Muji го претставија своето прво автономно возило наменето за јавен превоз. Се работи за минибус кој е направен да изгледа навистина интересно.

Овој минибус може да собере до 10 патници, односно 10 кои ќе можат да седнат и уште 6 кои ќе можат да стојат.

Возилото треба да започне да вози по улиците на Хелсинки од идната година како дел од тест на оваа технологија која треба да станува се повеќе користена, односно помасовно користена.

извор: smartportal.mk