Поглаварот на Српската православна црква во Црна Гора, Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, денеска бил приведен во центарот за безбедност во Подгорица. По три часа сослушување тој е пуштен од полициска станица.

Српските медиуми информираат дека митрополитот бил приведен по неговата служба во црква во населбата Златица во Подгорица.

Тој бил приведен по службата, за време на која владееше вистинска опсада пред светото место. Неколку свештеници од храмот на Христовото воскресение се исто така уапсени.

Медиумите претпоставуваат дека причината е што во беседата по читањето на Евангелието, рекол дека Христовото распнување трае низ вековите, па и во нашите денови.

Српската православна црква редовно организира протести во црногорските градови поради спорниот Закон за вероисповед. СПЦ инсистира на тоа дека целта на таквата регистрација е нејзино понижување и дека владата се обидува да го експроприра нејзиниот средновековен имот, вклучително и цркви, манастири и земјиште.

Владата на Црна Гора тврди дека законот има намера да ја доведе во ред евиденцијата на имотот на верските заедници.