Викендов температури до 35 степени, заладување дури од вторник

Сончево време повремено со умерена локална облачност ќе се задржи до самиот крај на оваа недела додека и најновите анализи укажуваат на тоа дека и понатаму температуритењ на воздухот ќе се зголемуваат па за време на викендот на повеќе места ќе се искачат дури до околу 30°C а во централните и во југоисточните предели до околу 35°C.
Многу топло ќе се задржи и на самиот почеток од следната недела со невообичаено високи температури на воздухот.
Само на планинските места на северозапад ќе има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд и тоа особено утре (четврток).
Позначително заладување и значителен пад на температурите на воздухот треба да очекуваме од понеделник во текот на ноќта кон денот вторник.

извор: Славчо Попоски

Total
0
Shares
Поврзани објави