Викендов малку дожд следната седмица повторно летни температури

Според најновите анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека и понатаму не треба да му се каже збогум на летото и дека топли летни денови ќе има и во текот на овој месец што значи дека плажирањето може да продолжи и понатаму во текот на овој месец.

Одсега гледано значително потопла треба да биде следната недела кога максималните дневни температури на воздухот би се искачувале во интервалот некаде од 27 до 34 степени што значи и понатаму ќе биде идеално за плажирање.

Времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност а повремено можна е и нешто позначителна локална облачност па така има услови за локален краткотраен дожд.

За време на овој викенд и тоа особено во сабота има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Сепак и покрај ова некој изразен влажен бран засега не треба да очекуваме.

извор: Славчо Попоски

Total
0
Shares
Поврзани објави