Видео: Зошто нема тоалет хартија, зошто Австралија гори – Google со моќно видео објави што се гуглаше најмногу во 2020-та

Како и секоја година, од Google ги споделија најпребаруваните теми на интернет преку нивниот пребарувач, а овојпат направија и моќно видео за тоа.

Зошто има пожари во Австралија, зошто луѓето протестираат, зошто не можам да спијам, зошто се чувствувам уморно… пребарувањата покажуваат колку очајна била годинава за скоро сите луѓе.

Но, вториот дел од видеото се фокусира на добрите нешта и дава надеж. „Зошто е важна емпатијата“ и „зошто луѓето сонуваат“ се само некои од пребарувањата што покажуваат дека можеби, оваа година и не беше така лоша.

Google сподели и листа, на која ги наведува најпребаруваните термини од разни области

Најпребарувани термини:

  • Корона вирус
  • Резултати од избори
  • Коби Брајант
  • Zoom
  • IPL

Најпребарувани вести:

  • Корона вирус
  • Резултати од избори
  • Иран
  • Бејрут
  • Хантавирус

Најпребарувани актери/актерки:

  • Том Хенкс
  • Хоакин Феникс
  • Рики Џерваис
  • Амита Бачан
  • Џејда Пинкет Смит
Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Вечерта на ОСКАРИТЕ

Категорија за најдобар филм: „Белфаст“ (Belfast)„Кода“ (Coda) – победник„Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up)„Вози го мојот автомобил“ (Drive My…