ВИДЕО: Внимание: Голема змија на пешачката патека во Трнодол – Козле

Вечерва огромна змија се шета низ пешачката патека под населбата Трнодол во Козле. Оваа патека ја користат жителите од населбата а навечер се собираат и млади кои седат на клупа и се забавуваат. Змијата е видена пред 15 тина минути од минувач со куче. Токму по оваа патека и се движат жителите од населбата со кучињата.

Змијата дојде од високите треви од околината и отакао ја помина патеката се залепи за потпорен зид и таму застана. Во овој дел од градот и наслебата тревата воопшто не е искосена ниту пак дрвата се искастрени. Патеката навечер е осветлена но сепак поради жештината и влагата не е јасно змијата од каде е дојдена и дали евентуално некаде во близина има и гнездо или легло.

Локалното население итно апелира до градските власти да се искоси тревата да се среди шумата и да се провери дали околу е чисто оти змиите се огромна опасност за сите особено за младите кои од денес откако се на распуст навечер редовно поминуваат или се собираат во паркот.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави