Видео: Трет пат уапсена актерката Џејн Фонда

Џејн Фонда 81-годишната американска актерка и активистка трет пат месецов е уапсена на протест против климатските промени. Таа била инспирирана од движењето на Грета Тунберг и решила да се приклучи на глобалните протести.

Но, обожавателите на Фонда сметаат дека таа залудно се бори и дека ништо нема да се промени. Актерката пак, изјавила дека планира да ја апсат секој петок, за да ја натера владата да биде делотворна во борбата против климатските промени.

Фонда веќе е приклучена во неколку глобални здруженија кои се борат против климатските промени. Таа сепак смета дека нема ништо залудно во нејзините обиди да донесе значајни промени во светот и општеството.

Total
0
Shares
Поврзани објави