Видео: Том Хенкс за борбата со Ковид-19: Чувствував дека коските ми се од крекери

Познатиот актер Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон беа првите холивудски личности кои заболеа од коронавирус. Двајцата објавија дека се заразени со вирусот кон средината на март, но сега се здрави и се чувствуваат добро.

Во една емисија, Том открива низ што се поминале и какви симптоми чувствувале додека се бореле со невидливиот непријател. Хенкс вели дека неговата сопруга ги изгубила сетилата за мирис и вкус, но тој не.

-Процесот беше болен. Се чувствував дека коските ми се од крекери. Кога одев, имав чувство дека секоја коска во моето тело пука. Ме болеше и задникот, не можев да седам, открива Хенкс.

Тој посочува и дека донира крвна плазма за да им помогне на другите заболени лица во процесот на лекување.

Total
0
Shares
Поврзани објави