(Видео) Се отвори земјата пред италијанска болница

Рим (Си-Ен-Ен) – Огромна дупка со ширина од околу 100 метри и длабочина од 20 метри се отвори на паркингот пред болницата Ospedale del Mare во јужна Италија во петокот 08 јануари, 2021 и проголта неколку автомобили. Надлежните од болницата биле принудени да евакуираат неколку заболени од Ковид.

Необичниот настан се случил околу 6:30 часот наутро по локално време, соопшти болницата Ospedale del Mare во Неапол. Возилата кои биле паркирани во областа нагло паднле со задниот дел, соопшти локалната противпожарна единица.

Неаполската полиција за Си-Ен-Ен изјави дека „истражниот судија назначил технички експерт за да ги утврди причините за настанот. Според првичните претпоставки отворањето на дупката може и да е последица на собрано поголемо количество вода  со оглед на обилните дождови во последните две недели“.

“Хипотезата дека станува збор за експлозија во раните утрински часови е отфрлена. Нема повредени или жртви”, додаде полицијата.

Противпожарната единица користела единици со кучиња за да провери дали има жртви под рушевините.

Како резултат на инцидентот, болницата евакуирала шест пациенти од оделението за Ковид.

Исто така, имало прекин на водата низ болницата, соопшти прес-службата.

А. Џез

Total
0
Shares
Поврзани објави