ВИДЕО: Осомничениот за масакрот во Нов Зеланд пред суд, Србите во страв од одмазда

Австралијанецот Брентон Харисон Тарант е осомничен за вчерашните напади врз џамија во Нов Зеланд во која се убиени 49 лица, се појавил пред судот каде е обвинет за убиство.

Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека против Трант ќе бидат покренати уште обвиненија, кога повторно ќе се појави пред суд на 5. април.

Aрант имал дозвола за поседување оружје и пет вида оружје. Судот е затворен за јавноста поради безбедности причини, а зградата од воздух ја надлетувал хеликоптер.

Тарант со рака направил знак на белите суперматисти, а за време на сослушувањето бил целосно рамнодеушен. Новинарите забележале дека се насмеал додека стоел пред стаклото. На сослушувањето можеле да присуствуваат мал број новинари поради безбедносни причини.

Агенциите пренесуваат дека Србите во Нов Зеланд се плашат од одмазда од муслиманите за вчерашниот масакр во две џамии што го изврши Брентон Тарант , кој бил љубител на Србија , нејзината музика и историските личности.

Пред да го изврши масакрот во двете џамии , на видеото се слуша српска музика , а на оружјето и пакетите со муниција имал испишано на кирилица имиња од српската историја како Цар Лазар и Милош Обилиќ.

Тој во манифестот што го оставил зад себе на 74 сртраници , во кој ги објаснува мотивите за нападот , пишувал и за Косово и за вмешаноста на САД во односите со Србија.

Total
0
Shares
Поврзани објави