Ракометарите на Вардар оставија сè од себе на терен за да го направат овој чудесен пресврт во полуфиналето со Барселона. Колку херојски беше нивниот подвиг говори дотрошеноста на Игор Карачиќ на крајот од натпреварот.

„Три дена тренирам со 39 температура, не знам можеби дехидрација е во прашање. Не знам што е. Некаде околу 50. минута почувствував грчеви на двата листа и на крајот на шут едноставно ме пресече. Ќе видам што е кога ќе отидам во болница“, објасни Хрватот.

По еден час спортските фанови продлжија со следење на светските спортски настани.

Успевајќи да го надитри огромното обезбедување на „Ванда метрополитано“, првото полувреме од финалето на ЛШ помеѓу Ливерпул и Тотенхем беше накратко прекинато по истрчувањето на една полугола жена на теренот. Таа брзо беше приведена од обезбедувањето.