Видео: Избришаната сцена од Титаник

Од веб-страницата „Баз фид“ успеале да пронајдат избришана сцена од филмот Титаник. Во сцената се вклучени преживеаните од катастрофата кои се спасени од бродот „Карпатиа“.

Кратката верзија од сцената била вклучена во филмот, но продолжената верзија открива толку многу што дефинитивно би оставила силен впечаток кај гледачите.

Во избришаниот дел од филмот се гледа изразот на вина на лицето на Џозеф Брус Исмах, висок функционер во компанијата што го поседувала „Титаник“, кој бил обележан како кукавица по крајот на настанот. Потоа се гледа Роуз како се качува на бродот, додека нејзината мајка фанатично ја бара. Има и краток увид на посвоената ќерка на свршеникот на Роуз, Кал, за кого гледачите никогаш не ја дознаа конечната судбина.

извор: Факултети .мк

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се појави Ким Џонг -ун?

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун се појави на 1 Мај отворајќи фабрика, информираа државните медиуми на земјата,…