Posted by Гојко Раичевић on Monday, April 1, 2019

Во раните утрински часови полициски сили ја опколија крстилницата „Његошева суза“ на Превлаката на Свети Архангел Михаил во близина на Тиват, а се повлекоа околу 7,30 часот.

Иако уривањето на крстилницата е закажано за 9 часот, полицијата дојде ненајавено во 4,35 часот преку морето со исклучени светла, обидувајќи се тајно и тивко да ја опкружи крстилницата во која мноштво луѓе се молеше и учествуваше во службата на Бога, според порталот In4s.

Во 9 часот се очекува да се појави градежниот инспектор Драган Зејак, кој веројатно ќе заклучи дека не постојат услови за извршување на наредбата за уривање на крстилницата.

Секретарот на Комитетот за изградба на манастирот на Превлака отец Мијајло Бачковиќ ги повика полицајците да се повлечат, да одат дома и ги прегрнат своите деца, за да бидат горди на своите татковци кои не ги послушале наредбите да се урне светилиштето.

Силни полициски сили сè уште се присутни во близина на крстилницата.